Ненадејна смрт на двократен светски шампион

Двократниот светски шампион, сноубордерот Алекс Пулин починал додека ловел риба во родната Австралија, потврдија локалните власти. Телото на Пулин кој имаше 32 години било пронајдено без знаци на живот на плажата Голд Коуст во Квинсленд. Медицинските лица интервенирале на местото каде што било пронајдено телото, но не успеале да го вратат во живот.

Луѓето кои го забележале неговото тело во водата ги повикале спасувачите кои го донеле телото на брегот и веднаш интервенирала медицинска екипа. Според извори од полицијата, Пулин бил сам на плажата и бил без маска за кислород.

Алекс „Чампи“ Пулин беше знаменосец за Австралија на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. Светските титули ги освои во 2011 и во 2013 година. Ја претставуваше Австралија на снобоурд крос на Олимписките игри во 2010, 2014 и во 2018 година.

 

 

 

 

Се вчитува...