Необична битка за правда: Кој е човекот кој го прекина мечот во Гранада?

Историскиот натпревар на Гранада во Европа го одбележа познатиот шпански нудист. Веќе на стартот на натпреварот Олмо Гарсија влета на терен потполно гол на неколку минути прекинувајќи го дуелот од Лигата на Европа против Манчестер јунајтед.

Гарсија е успешен бизнисмен, а во градот препознатлив по тврдината Алхамбра, е познат по тоа што низ улиците шета гол. Неговото објаснување за вакво однесување е борбата за одржливост на човечката раса во природна средина.

 

Интересно, е како, иако вчерашниот натпревар беше затворен за јавност, Гарсија успеал да пронајде начин да влета на терен привлекувајќи внимание.

Се вчитува...