Неодговорната Георгина: Обвинета дека го загрозува здравјето на Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо се уште е во самоизолација во луксузната вила во Мадеира, поради коронавирусот. Поради фактот дека се заразени двајца негови соиграчи, Ругани и Матуиди, Роналдо е принуден на карантин каде е заедно со семејството и девојката Георгина.

Сепак, атрактивната Шпанка не можеше да издржи во изолација, па папараците ја „уловија“ на шопинг. Сето тоа наиде на жестоки критики во јавноста на нејзина сметка.

Веднаш доби обвинувања по социјалните мрежи дека со такво однесување го загрозува здравјето на Роналдо.

Многумина нејзиното излегување го гледаат како непочитување и себичност кон ѕвездата на Јувентус.

Се вчитува...