Несторовски: И се извинувам на македонската јавност, каква и да е одлуката на селекторот ќе ја прифатам

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски испрати извинување до јавноста за некоректната постапка по постигнувањето на погодокот против Лихтенштајн.

Во еуфоријата Несторовски пред ТВ-камерите испрати навреди кон одредени лица кои претходно се заканувале на него и неговите најблиски…

„Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста.  Не се упатени нa јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе.  Не го направив  тоа под притисок од публиката или од резултатот ,туку го направив со  студена глава.  За мене, Македонија е над сè!  Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа!  И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно!  Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент!  Беше за поединци.  A со критикиte сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера.  Критиките ме мотивираат,а личните навреди се нешто сосема друго!Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега!  Кога резултатите не беа најдобри, сменував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство!  Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам!  Уште едно извинување, и напред МАКЕДОНИЈА” – вели Несторовски во реакцијата испратена до нашата редакција.

Се вчитува...