Несторовски: Навредата е само за три личности кои ми се закануваа мене и на моите најблиски (ФОТО)

Илија Несторовски со гол од пенал во 82. минута ја запечати победата од 5-0 на Македонија против Лихтенштајн. Меѓутоа место да искаже задоволство и радост од заокружениот триумф, напаѓачот на Удинезе се упати кон камерата упатувајќи специфични пораки испратени со пцовки.

И додека веднаш „зовреа“ социјалните мрежи и навивачите кои бараат Несторовски да биде казнет затоа што се чинеше дека пораките се упатени кон македонската јавност која не штедеше зборови критики по неговата лоша игра против Романија во Букурешт, Несторовски преку својот Инстаграм профил објасни дека пораките се само за три личности кои изминативе денови испратиле бројни закани и навреди кон него и неговите најблиски.

„Навредата беше наменета за три личности кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и моето семејство. Тие добро знаат кои се“ – напиша Несторовски.

 

 

Се вчитува...