Невиден малер: Нора Мерк се судри со судијка и си го скрши зглобот

Легендарната Нора Мерк дефинитивно се претвора во една од најмалерозните ракометарки на сите времиња по бизарната најнова повреда што Норвежанката ја заработи на последниот дуел со Хорсенс.

Таа настапува за дански Есбјерг, а последната повреда беше навистина бизарна, по судир со судијката на теренот. Имено, Мерк брзаше да го напушти теренот за измена, притоа нагазувајќи ја ногата на судијката.

Веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен, а деталните прегледи покажаа дека повредата е сериозна – фрактура на левиот скочен зглоб на Нора Мерк.

„Прегледите утврдија дека Нора Мерк има мала фрактура на зглобот. Затоа, таа нема да биде на располагање на стручниот штаб во наредниот период“, објави Есбјерг, притоа не наведувајќи кога би можеле повторно да ја видиме Нора на ракометните терени.

Се вчитува...