Оваа вечер дефинитивно припадна на фудбалската магија, а Шпанија славеше над Хрватска во најинтеренсиот натпревар досега што сме го виделе на Европското првенство. Со вкупен резултат од 5-3, „црвената фурија“ преку продолженијата од 15. минути успеа да обезбеди билет за пласман во големото четвртфинале.
Откако Хрватска успеа да се врати од два гола негатива по регуларните 90. минути, веќе во првото продолжение се почувствува заморот кај „коцкестите“, па Шпанците ова го искористија на најдобар можен начин, прво преку Алваро Морато во 100. минута поведоа со 4-3, а по три минути игра ги поставија и конечните 5-3, стрелец на овој гол беше Микел Ојарсабал!
Шпанија сега ќе го чека противникот од мечот меѓу Франција и Швајцарија, натпревар кој стартува од 21 часот.
За оние кои не успеаа да го проследат натпреварот од самиот почеток, ќе потсетиме дека фудбалерите на Енрике уште од првата минута ја имаа контролата над топката, барем така се изгледаше до 20. минута, откако претходно репрезентативецот на Шпанија, Педри беше креатор на неверојатен и комичен автогол! Тој испрати остра топка од центарот на теренот до голманот Симон, на кого топката му се префрли преку ногата и заврши во мрежата.
На Шпанците им беа потребни неколку минути да се соземат и повторно да ја покажат својата доминација, па по низа на акции конечно успеаа да постигнат гол и на полувреме заминаа со 1-1, стрелец на овој погодок беше Пабло Сарабија во 38. минута.
Во вториот дел беше понудена вистинска голеада, најпрвин селекцијата на Шпанија дојде до предност од 2-1 во 57. минута со голот на Цезар Аспиликуета, а во 77. минута зголеми на два разлика, третиот погодок беше во дело на Феран Торес! Сепак, кога се чинеше дека „црвената фурија“ рутински ќе го заврши овој меч, Хрватите намалија на 3-2, откако топката ја помина гол линијата без да се затресе мрежата, сепак, тоа беше доволно за главниот арбитар да го добие потребниот сигнал дека ова е гол кој ќе биде запишен зад името на Мислав Орчиќ. Храброто срце „коцкестите“ го покажаа во последните минути, а херој за Хрватска беше Марио Пашалиќ, кој успеа да биде прецизен со глава и да донесе голема радост на публиакта на трибините, донесувајќи реми и продолженија од по 15. минути на двете селекции.
Феран остана целосно сам на десната страна, доби долга топка од Пау Торес, потоа рутински го мина Гвардиола и го совлада Ливаковиќ од седум метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА