Невозможна мисија: За 30 години само една селекција победила над три разлика во Грузија

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Горан Бошев

Мисијата на Македонија утре ќе биде невозможна. Треба да се совлада Грузија со најмалку три разлика, за да се искачи на првото место во Лигата на Нации пред последното коло. Првото место е јасно носи дополнителни натпревари за пласман на ЕВРО 2024 година во Германија.

Традицијата вели дека само Полска триумфирала во Тбилиси над три разлика. Полјаците во 2014 година успеала да триумфираат на стадионот „Борис Пачадзе Динамо Арена“ во Тбилиси со убедливи 0-4 во квалификациите за пласман на ЕП 2016 година.

Три разлика во Грузија триумфирале три селекции: Франција во 2006 година 0-3, Турција во 2005 година 2-5, и Норвешка во 1999 година 1-4.

Интересно е тоа што Грузија на последните четири меча на домашен терен нема пораз, и нема примено ниту еден гол.

Се вчитува...