НФЛ ја откажува претсезоната?

Поради коронавирусот откажан е „Хол оф фејм“ натпреварот со кој се отвора претсезоната во НФЛ лигата. Од лигата разгледуваат опција и целата претсезона да биде откажана, како би се заштитиле играчите од учество во натпревари без никакво значење.

На 6. август требаше да се сретнат Далас Каубојс и Питсбург Стилерс две од најтрофејните „франшизи“ во американскиот фудбал.

„Здравјето и сигурноста на новите членови во „Куќата на славните“, навивачите и волонтерите остануваат наш приоритет. Секако, во август ќе добие чест „класата 2020““, рече извршниот директор на „Куќата на славните“ Дејвид Бекер. 

Поради пандемијата на коронавирус, а и тоа што САД е земја која е највеќе погодена, можно е лигата да донесат одлука целата претсезона да биде откажана.

Се вчитува...