НФЛ ѕвезда позитивна на коронавирус

Еден од најдобрите бек тркачи во НФЛ лигата, Езекил Елиот објави дека е позитивен на коронавирус, објави официјалната НФЛ телевезија, „НФЛ нетворк“. Членот на Далас Каубојс е единствениот фудбалер кој официјално потврди дека е позитивен, а меѓу заразените се уште неколку играчи на тимот од Далас, но и на Хјустон Тексанс.

Од лигата иако не беа потврдени имињата на заразените, сепак Елиот одлучи преку својот менаџер да ја потврди веста. Елиот три пати беше дел од „Пробол“, а во 2016 и 2018 година ја предводеше лигата по бројот на освоени јарди по пробивање.

 

Се вчитува...