НФЛ „ѕвезда“ уапсена на протестите во САД

„Вајд рисиверот“ на Хјустон Тексанс, Кени Стилс е уапсен на протестите против поициската бруталност во Луивил. Полицијата го привела бидејќи бил пред куќата на јавниот правобранител на Кентаки, Даниел Камерон, каде граѓаните бараа да поднесе тужба против полицаецот кој го уби Бриана Тејлор. Американските медиуми пренесуваат дека Стилс е обвинет за заплашување на учесниците во судскиот процес, за прекршок од втор и кривично дело од трет степен.

„Свесни сме за моменталната ситуација и собираме повеќе информации“, кратко се изјаснија од Тексанс. 

Агентот на Стилс, Рајан Вилијамс на социјалните мрежи направи споредба меѓу актуелните случувања и убиството на Тејлор кое се случи во март.

„Кени Стилс помина повеќе време во затвор борејќи се за правда, откако убијците на Бриана Тејлор“, напиша Вилијамс. 

 

Се вчитува...