Ноќ на неверојатни пресврти во НБА лигата: „Трипл-дабл“ на Вестбрук, Клиперс го шокираа Бостон

Хјустон и Оклахома го одиграа најинтересниот натпревар во ноќта на неверојатни пресврти во НБА лигата.

Оклахома славеше на дуелот со 112-117 и покрај тоа што Хјустон на полувремето имаше огромна предност од 70-48. Но, Оклахома во продолжението веќе во третиот период ја анулираше предноста доаѓајќи до 90-90 пред последната четвртина, а на крајот го заокружи пресвртот и за конечна победа.

Оклахома до победата ја водеше Пол Џорџ со 45 поени, а Расел Вестбрук мечот го заврши со „трипл-дабл“ од 21 поен, 12 скока и 11 асистенции. Кај Хјустон, како по обичај, најмногу поени постигна Џејмс Харден – 42.

Големо изненадување приреди ЛА Клиперс славејќи на гостински терен против Бостон со 112-123, исто така со пресврт. Бостон имаше предност и од 28 поени на почетокот од втората четвртина, но потоа Клиперс стигнаа до триумф.

Харел со 21 поен и Галинари со 19 поени ги водеа гостите до победата, додека Хауард кај Бостон запиша 19 поени.

Мечот го одбележа и повредата на Кајри Ирвинг, најдобриот кошаркар на домашните, кој во текот на втората четвртина мораше да го напушти натпреварот поради повреда на левото колено.

Во останатите мечеви Орландо на гости го победи Милвоки со 83-103, Мемфис беше подобар од Њу Орлеанс со 99-90, Чикаго загуби на домашен терен од Вашингтон со 125-134, Торонто го победи Њујорк со 99-104, а победи извојуваа и Шарлот против Атланта (120-129), Индијана против Кливленд (105-90) и Јута против Сан Антонио (125-105).

Се вчитува...