Светот на атлетиката е погоден од нов скандал откако денеска беше обелоденета суспензијата на актуелниот олимписки и светски првак на маратонско трчање, Матеј Тот.
Словачкиот атлетичар, кој беше најдобар на последните ОИ во Рио де Жанеиро, е суспендиран поради нерегуларности во неговиот биолошки пасош, кој ги складира информациите околу крвната слика на спортисти и бара знаци за користење на допинг.
„Тот останува суспендиран се од завршницата на случајот против него. Како и во секој друг случај, нема да даваме дополнителни детали се до конечната одлука“ – објавија од Светската Атлетска Федерација, ИААФ.
Словачкиот репрезентативец веќе го откажа настапот на СП во Лондон, а доколку биде прогласен за виновен му се заканува суспензија од четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА