Новата француска ѕвезда: Цел ни е во Париз 2024 да ги совладаме САД во финалето

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е еден од најголемите таленти на светската кошарка во изминатата деценија и нема дилема дека ќе биде избран како прв пик од страна на Сан Антониот Спурс во јунскиот НБА драфт.

Високиот кошаркар со право е амбициозен, но неговите желби не се само за успех во НБА, туку и за постигнување големи резултати со националниот тим.

Олимписките игри во 2024 година ќе се одржат во Париз, а 19-годишниот Вембањама треба да биде еден од главните столбови на тимот предводен од Винсан Коле.

„Знаете дека следната Олимпијада е во Париз. Не може да има подобра можност од тоа да го освојам мојот прв медал со француската репрезентација. Целта ми е да ги победиме Американците во финалето“, изјави Вембањама.

Се вчитува...