Ново „арогантно детиште“: Им врти грб на соиграчите, жена му кажува за кој клуб ќе игра

Избледе епитетот „арогантно детиште“ кој го красеше Килијан Мбапе. Полека но сигурно уште еден фудбалер почнува да ја презема таа неславна титула. Иако Лерој Сане е меѓу најдобрите на својата позиција, неговото однесување на теренот во последно време е се само не колегијално. Работата да биде уште полоша, дури и поради сопругата, на лето ќе треба да се одлучи за трансфер.

Во време кога натпреварите ги снимаат неколку десетици камери и многу гледачи почесто ги држат мобилните отколку што ги следат случувањата на теренот, секој детаљ може да биде пресуден за еден фудбалер да заврши на столбот на срамот.

Последниве денови во фудбалскиот свет, барем на меѓународна сцена, најактуелен е скандалот кој изби во соблекувалната на Баерн по четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Се започна на теренот. По недоразбирање, Лерој Сане го навреди Садио Мане, тој му кажа дека е „црно срање“, а Сенегалецот го удри во соблекувалната бидејќи не можеше да ја преболи таа навреда.

Мане го плати цехот. Тој е суспендиран до понатамошно известување и доби казна од околу половина милион евра. Можеше да биде продаден, но Сане побара поранешниот ас да не оди на трансфер листата.

И додека Мане е окарактеризиран како „црната овца“, се чини дека Сане е тој што се однесува како разгалено детиште на теренот и покажува голем недостаток на почит кон соиграчите.

Се вчитува...