Њу Ингланд донесе нов квотербек за наследник на Том Брејди

Раководството на Њу Ингланд и тренерот Бил Беличек конечно ја разрешија дилемата кој ќе биде квотербекот што ќе ја има одговорната улога да го наследи Том Брејди по заминувањето на суперѕвездата во тимот на Тампа Беј. Опции имаше неколку, но „патриотите“ на крајот се решија за Кем Њутон, МВП-играчот на сезоната во 2015 година кој годинава стана слободен играч по заминувањето од Каролина пантерс.

Њутон важи за голема „ѕвезда“ во НФЛ токму од таа сезона, кога ја предводеше Каролина до фантастичен скор од 15 победи и само еден пораз во регуларниот дел од сезоната, потоа со овој тим стигна до финалето од плејофот, но таму загуби од Пејтон Менинг и Денвер со 10-24.

Веднаш потоа следеа серија сериозни повреди пораи кои Њутон и кога беше здрав не успеа да ги повтори одличните игри од 2015 година. Сепак, Бил Беличек верува дека овој играч е она што му е потребно на тимот на Њу Ингланд да остане на високо ниво и да се бори за титулата и по заминувањето на Брејди.

Се вчитува...