Обамејанг потпиша за Арсенал за 60 милиони фунти

Арсенал го урна клупскиот рекорд за најголем трансфер во историјата, купувајќи го напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, за сума од 60 милиони фунти. Тој потпиша договор на 3,5 години, со неделна плата од 180.000 фунти, што го рангира како најплатен фудбалер во историјата на „топчиите“.

Ова е одговорот на Арсен Венгер за заминувањето на Алексис Санчез, во чија размена го доби и ерменскиот интернационалец Ханрик Мхитарјан.

Обамејанг постигна 98 гола на 144 натпревари за Борусија Дортмунд во Бундес-лигата и вкупно 172 погодоци за „милионерите“ во сите конкуренции.

Се вчитува...