Јан Облак со години наназад важи за еден од најдобрите светски голмани, а на Словенецот во меѓувреме му тргна и во љубовниот живот, почнувајќи врска со поранешна девојка на Кристијано Роналдо.
Станува збор за Алесија Тедески, италијанска манекенка што пред неколку години беше во врска со португалската супер-ѕвезда, а според последните фотографии, таа повторно успеа да „улови“ познат фудбалер.
Облак и Тедески уживаат во заедничкиот одмор во Шпанија, каде беа „фатени на дело“ од папараците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА