Одличен настап на македонските сноубоудери на Стара Планина

На снежните терени на Стара Планина се одржа меѓународниот ФИС натпревар во сноуборд, кој воедно беше и државно првенство во сноуборд на Македонија.
Во женска конкуренција, првото место го освои Миа Џагора од Македонија, втора беше Ангела Ѓогиќ од Србија, а на третото место се позиционираше Ева Башоска од Македонија. Од мажите, на шампионското место застана Виктор Брузек од Чешка, второпласиран беше Александар Кацарски од Македонија, а трет Доумос Јоанис од Грција.

Се вчитува...