Одлични вести за Борусија: Еден од клучните играчи се враќа за дербито со Баерн

На 1. април во Германија се игра големото дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кое на крајот може да биде одлучувачко за освојување на шампионската титула во Бундеслигата. Борусија во моментов има еден бод предност пред „баварците“, кои по долго владеење оваа сезона би можеле да бидат симнати од тронот.

Добра вест за Борусија Дортмунд е тоа што на дербито би можел да се врати и германскиот репрезентативец Карим Адејеми. Адејеми се повреди пред неколку натпревари, кога се пожали на болки во ложата, а неговото враќање со нетрпение го очекуваат челниците на Дортмунд.

Борусија исто така го очекува и враќањето на Јулијан Бранд, кој исто така е повреден, но тешко дека ќе игра на големото дерби кое ќе се игра во Минхен.

Се вчитува...