ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Мартинез со Азар и Де Бруин, Сантош со изненадување во средниот ред

Во еден од најинтересните натпревари од осминафиналето на Европското првенство за нешто помалку од еден час ќе се сретнат репрезентациите на Белгија и Португалија. Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез со триото Де Бруин, Азар и Лукаку максимално офанзивно ќе го нападне актуелниот европски шампион.

Неговиот колега од Португалија Фернандо Сантош се одлучи во средината да му даде шанса на играчот на Спортинг Лисабон Жоао Палиња. Нападот нормално ќе го предводи Кристијано Роналдо, а друштво ќе му прават Жота и Бернардо Силва.

 

Се вчитува...