НФЛ франшизата на Вашингтон и официјално се откажува од името Редскинс и логото, потврдија од клубот. Тие во кратко соопштение наведоа дека од 13. јули веќе нема да ги користат постојното име и лого и дека се во фаза на избор на ново име и ново дизајнерско лого.
„Ден Снајдер и тренерот Ривера работат на развој на новото име и дизајнерското лого кои ќе ја потврдат нашата традиција и ќе ги инспирараат спонзорите, навивачите и целата заедница во следните 100 години“, стои во соопштението од клубот.
НФЛ тимот од Вашингтон, Редскинс го носеше од 1932 година, но последните случувања во САД и борбата против расизмот ги натераа да го променат името.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА