Огромен „пех“ за Лајпциг: Првиот голман ги скина лигаментите и го чека долга пауза

Чуварот на мрежата на Лајпциг, а воедно и капитен на тимот Петер Гулачи, го чека долга пауза од терените поради тоа што на вчерашниот меч со Селтик ги скинал лигаментите, соопшти германскиот клуб.

Унгарскиот голман во 10. минута мораше да го напушти теренот, и сега ќе го чека пауза од 7-8 месеци од терените.

„Врати се посилен капитену. Сите сме со тебе“, напиша неговиот соиграч Дани Олмо на социјалните мрежи.

Лајпциг лошо тргна во Германија, го смени и тренерот, а после три натпревари во групната фаза во ЛШ има три бода. Тимот го чека тешка мисија и во Бундеслигата, и во „елитата“ во Европа, а сега ќе им биде уште потешка откако го загубија првиот голман.

Неговото место ќе го зазеде резервниот голман Јанис Бласвих кому ова му беше прво искуство во ЛШ. Во минатото беше дел од вториот тим на Менхенгладбах, потоа во Динамо Дрезден и Ханза, а до минатата сезона бранеше во холандски Хераклес Алмело.

Се вчитува...