Охридското езеро заживеа со 3. Меѓународна едриличарска регата „Охрид 2023“ – Најмасовно досега (ФОТО)

Изминатиов викенд на Охридското езеро беше одржана 3. Меѓународна едриличарска регата „Охрид 2023“ во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг”- Охрид, а со поддршка на Едриличарската Федерација на Македонија, Општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади.

Уште едно повеќе од успешно организирано натпреварување на спортовите на вода во нашиот најголем туристички центар, како потврда на интенцијата за развој на едрењето како начин и за заштита на Охридското езеро.

Третата едриличарска регата во организација на „Акватика Јахтинг“ беше досега и најмасовното од своето постоење со учество на 57 едриличари од Полска, Србија, Бугарија, Албанија и секако Македонија, кои се натпреваруваа во класите „Оптимист“, „Ласер – ILCA 4“ и класата „470“ на регатното поле на потегот меѓу Градското пристаниште, Канео и Горица 1.

Акватика Јахтинг – Охрид

Во најмасовната класа „Оптимист“ учествуваа 36 едриличари, во Класата Ласер – ИЛКА 4 учествуваа 11 едриличари, и во Класата „470“ пет екипажи со по двајца едриличари. Наградите на најдобрите им ги додели претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Будимир Соколовиќ.

НАЈДОБРИТЕ НА 3. МЕЃУНАРОДНА РЕГАТА „ОХРИД 2023“

Класа „Оптимист“
Генерален вкупен пласман – машки
1. Антони Зајац – Гдањски клуб Жегларски, Полска
2. Камил Роман – Гдањски клуб Жегларски, Полска
3. Петар Петров – Централен Софиски Јахт клуб, Бугарија

Генарален пласман – девојки
1. Андреа Чуркоска – ЕК Снегар, Струга, Македонија
2. Анѓела Дракулиќ – ЈК Палиќ, Србија
3. Александра Пупек – Гдањски клуб Жегларски, Полска

Девојки под 12 години
1. Мила Булатовиќ – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија
2. Гала Булатовиќ – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија
3. Сара Милеска – ЕК Снегар Струга, Македонија

Класа „ILCA 4“
1. Мерт Љушо – ЕК Снегар Струга Македонија
2. Берталан Молнар – ЈК Палиќ, Србија
3. Георги Петров – Централен Софиски Јахт клуб, Бугарија

Класа „470“
1. Милош Илиќ/Драган Илиќ – Бродарски клуб Металац, Смедерево, Србија
2. Данило Бешиќ/Никола Павиќ – Бродарски клуб Металац, Смедерево, Србија
3. Славчо Мургоски/Матеј Симоноски – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија.

Се вчитува...