Две од четирите златни медали што ги освои легендарниот американски спринтер, Џеси Овенс, на олимписките игри во Берлин во 1936 година ќе бидат ставени на продажба.
Аукцијата на вредните олимписки трофеи ќе се одржи во август. На продажба се медалите кои Џеси Овенс во педесетите години од минатиот век му ги дал на сопственикот на хотел во Питсбург за го плати својот подолг престој во хотелот. Подоцна сопственикот на хотелот му ги отстапил медалите на некој мајстор за да го подмири својот долг. Алберт де Вито, синот на тој мајстор за американските медиуми откри дека татко му добил три златни медали, но едната му ја вратил на сопственикот на хотелот.
Еден од златните олимписки медали на Џеси Овенс беше продадена во 2013 година и на аукцијаат достигна цена од 1,4 милиони долари што е рекордна сума за еден олимписки трофеј. Тоа беше медалот кој американскиот спринтер му го дал на глумецот Бил Робинсон.
Џеси Овенс почина во 1980 година на 66-годишна возраст. Тој се смета за еден од најславните атлетичари во историјата на Олимписките игри. Легендарниот американски спринтер на ОИ во Берлин во 1936 година победи во трките на 100 и на 200 метри, во скок во далечина и во штафетата 4х100 метри настапувајќи за САД во тогаш нацистичка Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА