Онлајн настава каква што би посакало секое дете – Шек изненади првачиња во САД (ВИДЕО)

Во Соединетите Американски Држави училиштата се затворени, а наставата се одвива онлајн. Првачиња во едно училиште добија изненадување какво што не може ниту да замислат. Во текот на предавањето на наставничката во видеочетот се приклучи и легендарниот Шекил О’Нил.

„Дали е тоа Шек?“, во неверување праша наставничката. 

О’Нил едно по едно ги поздрави сите деца, а нивните родители во неверување го снимаа екранот на кој се наоѓаше легендарниот НБА кошаркар. Шекил О’Нил е пријател со еден од родителите на децата па во договор со него се одлучи да го изненади целото одделение.

Се вчитува...