Оригинална прослава: Постигна гол, па ја запроси девојката на трибините

Светот на фудбалот има видено разни прослави по постигнување гол. Некои од нив се навистина оригинални, но дефинитивно една од највечатливите му припаѓа на Едвард Бело.

Напаѓачот на Антофагастa по постигнатиот гол против Евертон на натпревар од чилеанското првенство, истрча до клупата за резерви, ја зеде кутијата со прстенот и се упати на трибините, клекна и саканата ја побара за жена.

Судијата на натпреварот немаше разбирање за романтичниот чин на Бело, му додели жолт картон, но фудбалерот беше пресреќен бидејќи девојката рече ДА.

Се вчитува...