„Јувентус не го бараше Роналдо, тој сам ни се понуди“

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици, изјави дека првакот на Италија летово не го барал Кристијано Роналдо, туку Португалецо сам изразил желба да дојде во клубот од Торино.

Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Јувентус во трафферот од околу 100 милиони евра. Паратици во интервју за италијанските медиуми откри како течел ѕтрансферот, но и дека Јуве не испраќал понуди за Роналдо, туку Португалецот сам им порачал дека сака да игра за нив.

„Кога се сретнавме со Жорге Мендес и разговаравме околу трансферот на Кансело, почна се околу Роналдо. Тогаш Мендес ми рече дека Роналдо сака да дојде во Јувентус, но мислевме дека тоа не е можно. Сепак, испративме понуда која Реал ја прифати бидејќи Роналдо барал од нив да го пуштат во Јувентус“ – изјави Паратици.

Се вчитува...