Отворен повик за учество на третата летна школа „БИДИ БАНКАР“ на Охридска банка Сосиете Женерал

Во јули годинава, по трет пат ќе се одржи летната школа „Биди Банкар“ на Охридска банка Сосиете Женерал отворена за студентите во завршна година на додипломски, или постдипломски студии.

Охридска банка Сосиете Женерал го отвори повикот за учество на летната школа „Биди Банкар“, која и ова лето ќе се одржи во Охрид. Летната школа „Биди Банкар“ е проект на Банката отворен за студентите од сите факултети во последна година од додипломски, или постдипломски студии.

Биди Банкар е уникатна летна школа која нуди интензивна програма составена од реална практична работа, настава , тематски предавања, работилници за студија на случај, работа во секторите на Охридска банка Сосиете Женерал, a овозможува и предавања од врвни банкари, докажани професионалци од реномирани компании, како и интеракција, забава и натпревар. Како општествено-одговорна компанија, Банката ја создаде летната школа „Биди Банкар“ за да понуди едно ново искуство на сите заинтересирани млади за банкарското работење, а со тоа да им овозможи практична едукација од прва рака и да ги подготви со најбараните вештини на пазарот на труд. Во изминатите 2 години школата ја посетија дваесетина учесници, од кои 10 се вработени во Банката, а останатите станаа дел од реномирани компании во Македонија.

Оваа година, школата ќе се одржи од 1 до 26 јули во Охрид. Трошоците за храна

  • престој за времетраењето на летната школа ги подмирува Охридска банка Сосиете Женерал.

Сите заинтересирани студенти кои се во завршната година од студиите можат можат да аплицираат на веб страницата https://bidibankar.mk/ со потполнување на онлајн форма за апликација најдоцна до 31 мај, 2019 година. По завршување на периодот за аплицирање, Банката ќе изврши тестирање на пријавените кандидати и ќе одбере 10 студенти кои ќе учествуваат на Третата летна школа „Биди Банкар“.

Повеќе информации за летната школа може да прочитате на наменската веб страница.

Комерцијален текст

Се вчитува...