Ова нема да им се допадне на навивачите: Баерн Минхен преговара за продолжување на договорот со „Катар Ервејс“

Раководството на Баерн Минхен на чело со претседателот Оливер Кан, преговара за продолжување на договорот со еден од најмоќните спонзори, „Катар Ервејс“.

Тековниот договор на „Баварците“ со компанијата истекува во 2023 година, а тие вбризгуваат во клубот 17 милиони евра годишно. Станува збор за продолжување на соработката на нови пет години под истите услови.

Но, оваа информација сигурно нема да им се допадне на навивачите на „Баварците“ кои неколку пати бараа од клубот да ги раскине сите договори со Катар поради кршење на човечките права при изградбата на стадионите за Светското првенство 2022 година.

Според „Гардијан“, во Катар при изградбата на стадионите и другите капацитети починале 6751 работни мигранти од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка.

Пред неколку дена на мечот со Фрајбург, фановите на Баерн излегоа со транспарент на кој стоеше е ликот на Оливер Кан со куфер со пари и облека на шеикот, додека на другата страна беше директорот со крвава маица и на него пишуваше: „За пари переме се“.

Се вчитува...