Овации на „Камп Ноу“: Македонска понуда за брак на Барса – Елче (ВИДЕО)

Познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров и неговата Марта очигледно уште долго ќе се сеќаваат на „Камп Ноу“ и натпреварот меѓу Барса и Елче.

Лазаров објави видео на кое се гледа како среде преполната трибина клекнал и ја запросил Марта.

Со изненадувањата продолжил и кога се вратиле во хотелот, кога на Марта пред камера ѝ открива дека напишал песна за неа.

Видеото е полно со искрени емоции, солзи радосници и громогласен аплауз од публиката, а македонската јавност од изминатиот викенд не престанува да ѝ честита на среќната двојка.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

 

Се вчитува...