Памела Андерсон му се врати на Рами

Памела Андерсон реши да се врати во прегратките на Адил Рами неколку месеци откако го напушти одбивајќи ја неговата понуда за брак. Фудбалерот и поранешната холивудска ѕвезда беа разделени од крајот на минатата година, но заеднички пријатели тврдат дека тие повторно се заедно.

„Памела му се врати на Адил Рами, но двајцата се договорија повеќе да не се дискутира за брак, барем не во блиска иднина“ – истакнуваат пријатели на двојката.

Францускиот репрезентативец веќе два месеци е „во аут“ од терените, но поддршката од Памела сигурно ќе биде добредојдена во периодот кога има и повеќе слободно време.

Се вчитува...