„Пандев камп“ од утре стартува во организација на Академија Пандев

ФК Академија Пандев од утре до 21 јуни во Разлог, Бугарија, ќе го реализира првиот „Пандев камп“, на кој ќе земат учество 310 деца, дечиња родени од 2004 до 2010 година. Тие ќе ги учат вештините на фудбалската магија од врвни тренерски имиња, Александро Сагерас од академијата на Реал Мадрид и Ангелос Зазопулос од ПАОК, а специјален гостин ќе биде најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

„Всушност станува збор за прв фудбалски камп кој го организира Академија Пандев. Се одлучивме да биде во Разлог, Бугарија, пред се поради сместувачките капацитети и условите во кои ќе работат децата, со оглед дека нашите терени уште не се завршени. Учество имаат пријавено 310 деца, претежно од филијалите на Академија Пандев низ државата, но имаме и од странство, од Австралија, од Србија, од Бугарија“, информира Југослав Тренчoвски.

На „Пандев камп“ ќе има генерации на фудбалери родени од 2004 до 2010 година и ќе учаат нови вештини на фудбалската магија. Гости – презентери ќе бидат фудбалските тренери Александро Сагерас од академијата на Реал Мадрид, Ангелос Зазопуло од ПАОК и два врвни тренери од Италија, Леонардо Корси и Давиде Вега. На кампот специјален гостин ќе биде македонската фудбалска мегаѕвезда Горан Пандев.

„Што се однесува до тренинзите, ќе се работи на седум станици, посебно ме радува што наши гости и презентери ќе бидат врвни тренерски имиња, како Александро Сагерас од академијата на Реал Мадрид и Ангелос Зазопулос од ПАОК. Како награда за сите дечиња, ни доаѓаат Горан Пандев и неговите менаџери Леонардо Корси и Давиде Вега, кои што ќе имаат задача од сите 310 дечиња да изберат две или три најталентирани и да им се овозможи еднонеделна проба во Емполи, Џенова или некој друг италијански тим од Серија А. Учеството на самиот камп изнесува 9300 денари, што е секако многу прифатлива цена, а дел од финансиите за сите деца дополнително субвенционира Горан Пандев. Најважно ќе ни биде дружењето на децата, убавите моменти, но секако и фудбалскиот агол, а ние ќе се обидеме да извлечеме поуки од супервизорите од Шпанија и од Грција“, дополнува Југослав Тренчевски.

Се вчитува...