Пандев на пакетчињата на „Панини“ картичките за ЕВРО 2020 (ФОТО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев се најде на пакетчињата на „Панини“ картичките за ЕВРО 2020 година. Токму со голот на „Гранде Пандев“, Македонија успеа да стигне до историски пласман на Европскиот шампионат за првпат во нејзината историја.

Македонија на шампионатот се наоѓа во група со Холандија, Украина и Романија, а вљубениците на „Панини“ албумите во Македонија со нетрпение го очекуваат излегувањето и на албумот со самолепливите сликички каде за првпат покрај најдобрите фудбалери во Европа, ќе имаат шанса да ги собираат и македонските репрезентативци.

 

 

Се вчитува...