Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е избрана меѓу најдобрите фудбалери постари од 34 години на денешницата, според изборот на „ГивМиСпорт“.
На листата која ја состави познатиот европски медиуми, на првата позиција е ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, а меѓу 18 издвоени имиња е и Горан Пандев кој е на 17-та позиција.
„На Пандев сите се сеќаваат по тројната круна со Интер во 2009/10 година. 37-годишната македонска ѕвезда со 114 настапи во репрезентативниот дрес оваа година успеа да се избори и за пласман на ЕП со Македонија што беше неговиот најголем сон“ – пишува „ГивМиСпорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА