Партизан го освои третиот меморијален турнир „Драган Василов – Цевка“

Изминатиот викенд СЦ „Јане Сандански“ беше домаќин на третиот меморијален турнир „Драган Василов – Цевка“ посветен на прерано починатата легенда на македонската кошарка која остави голема трага во работата со младинските категории.

Освојувач на турнирот на кој настапија вкупно осум екипи од кои шест странски и две македонски е белградски Партизан кој во големото финале славеше над Минор 2015 од Перник со 81-56.

Третото место и припадна на Интер Братислава која славеше против Клуж со 67-63. Борабата за петто место ја доби Тријумф кој славеше со 76-41 против Вардар, а зад „црвено-црните“ се пласираше МЗТ Скопје по победата над „All-Star“ со 67-53.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Иво Валентинов од тимот на Минор 2015 Перник, додека наградата за најдобар играч на турнирот замина во рацете на Лука Павловиќ од тимот на Партизан.

 

Се вчитува...