Пејџ Спиранац ја подига температурата на голф-терените

Американската голферка со хрватско потекло Пејџ Рене Спиранац реди победи на турнирите, но освојува и се повеќе следбеници на социјалните мрежи.

Атрактивната Пејџ со својата појава привлекува големо внимание на голф-терените и за многумина таа е најатрактивната спортистка. Таа е свесна за своите адути и на нејзиниот Инстрграм профил често објавува разголени фотографии.

Својата сексaпилност Пејџ не ја крие ни на теренот додека се натпреварува и често може да се види во провокативна облека со длабоко деколте. Изгледот некаде и носи многу фанови и комплименти, но некогаш и дополнителни проблеми.

„Во Дубаи добивав многу грди коментари, дури и закани со смрт на социјалните мрежи. Не е убаво некој да ме осудува поради тоа што го носам. Јас сум таква каква што сум“ – вели Пејџ Спиранац.

Се вчитува...