Пеп го коментираше изоставувањето на Халанд: Беше изморен, не сакавме да ризикуваме

Манчестер Сити без Ерлинг Халанд во Копенхаген освои само бод играјќи без голови. Сепак, премиерлигашот играше и со играч помалку откако беше исклучен Серхио Гомез уште во првиот дел.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по мечот одговори зошто не го вклучил Норвежанецот во тимот за Копенхаген. Тој кажа дека Халанд и неколку други фудбалери се пожалиле на замор од тешкио распоред.

„Многу играчи не почнаа затоа што беа уморни и исцрпени од густиот распоред. Ерлинг не се чувствуваше добро уште по мечот со Саутемптон. Фоден исто така имаше проблеми, Силва ни кажа дека е уморен. Халанд не успеа да се опорави од тој меч со Саутемптон и не изгледаше добро. Му требаше одмор, и се решивме да не ризикуваме“, рече менаџерот на Сити.

Се вчитува...