„Петарда“ од Барселона за Лас Палмас… (ВИДЕО)

Без многу милост, Барселона славеше убедлива победа од 5-0 против Лас Палмас во 18. коло од шпанската Примера.

По претходното реми, каталонскиот тим повторно се врати на победите најавувајќи го триумфот уште во 14. минута со погодокот на Суарез.

Во 52. минута Меси зголеми на 2-0, а веќе во 57. минута, со вториот погодок на Суарез, беше и 3-0. Во 59. минута Туран го постигна и четвртиот гол за Барселона, а во 80. минута Видал ја заокружи „петардата“.

Barcelona 5-0 Las Palmas – All Goals… by Live1Goals

Со овие три бода, Барселона сега има 38 бода, два помалку од водечкиот Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат и два натпревари помалку од својот најголем ривал.

Се вчитува...