Пике не го бива за бизнис

Ѕвездата на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација, Жерар Пике, за кратко време се соочи и со неуспехот на националниот тим и со крахот на неговата компанија за видео игри. Откако „Kerad Games“ генерираше загуби од 2 милиони евра, Пике мораше да ја затвори компанијата и да ги отпушти 35-те вработени.

Пике, „Kedar Games“ ја основаше во 2011 година како фирма за дизајн, продукција и маркетинг на онлајн игри. Компанијата лансираше три видео игри, а од нив само една успеа да се пробие на пазарот. Но, тоа не беше доволно бизнисот вистински да се развие, па Пике, кој според шпанските медиуми, не прикажал финансиски биланс за компанијата од 2015 година, мораше да донесе одлука за затворање.

Жерар Пике, минатата година ја посетуваше бизнис школата на Харвард.

 

Се вчитува...