Пике раскажа комична приказна како поради зајак го налутил Фергусон

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике добар ден од кариерата како млад фудбалер ја помина во Манчестер јунајтед. Шпанецот како 17-годишник од Барселона стигна на „Олд трафорд“, но во четири години кај „црвените-ѓаволи“ и не се наигра многу.

„Имав темна епизода во Манчестер јунајтед. Неколку пати завршив во полициска станица. Изнајмив стан од Сер Алекс, а потоа купив зајак. Го изгриза цел мебел, едноставно го уништи станот. Кога го напуштив станот ме повика Фергусон, беше многу бесен на мене“, изјави Пике. 

Пике во 2008 година се врати во Барселона, каде беше дел од една од најдобрите генерации во историјата на фудбалот.

Се вчитува...