Пиоли: Фановите се нашето најголемо „оружје“, Милан ќе покаже дека поразот од Челси беше само лош ден

Тимот на Милан утре ќе го угости Челси во рамки на групната фаза на Лигата на шампионите. Минатата седмица „сините“ во Лондон славеа со убедливи 3-0, а сега на „Сан Сиро“ ги чека нов предизвик.

Во пресрет на овој дуел, се обрати и тренерот на Милан, Стефано Пиоли, кој потенцираше дека неговиот тим има победнички менталитет.

„Нашите фанови се нашето најголемо оружје Сакаме да докажеме дека поразот во Лондон беше лош ден, а не реалност. Утре е нов натпревар и мора да бидеме на нивото. Ова е балансирана група, треба да размислуваме на резултатот“, потенцираше Пиоли.

Натпреварот од четвртото коло на елитното натпреварување е закажан во вторник во 21.00 часот.

Се вчитува...