Пиоли: Повредените играчи не смеат да ни бидат изговор за поразот од Челси

Во третото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите, Милан го забележа првиот пораз откако на гостувањето кај Челси загуби со 3-0. Лондонскиот тим беше далеку подобриот противник, ги користеше своите шанси и не дозволи Милан да се надева на победа.

„Росонерите“ за мечот на „Стемфорд Бриџ“ не можеа да сметаат на неколку клучни играчи, но тренерот Стефано Пиоли вели дека тоа не е изговор за лошата игра. Тој пред мечот верувал дека неговиот состав е подготвен за предизвикот, но грешките го чинеле бодови.

„Моравме подобро да реагираме при шансата на Круниќ. Не влеговме добро во натпреварот, се изгубивме и правеме грешки и во моментите кога Челси не не притискаше. Кога правите такви грешки против толку добар противник работите се комплицираат. Не е важно кој не настапи. Мислев дека сме подготвени за овој натпревар, но потфрливме. Губевме топки и им дававме премногу простор на играчите на Челси. Од поразите мораме да учиме. Во сабота повторно имаме шанса да покажаме дека умееме да играме“, вели Пиоли.

Се вчитува...