Питер Крауч стана диригент – Објавен првиот албум (ВИДЕО)

Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч и познатиот оперски пејач Пол Потс објавија божиќен музички албум за обожавателите, мешавина од навивачки песни и класична музика на кој Крауч е диригент.

На албумот има осум песни, а целиот концепт го смислил самиот Крауч. Тоа е и негово деби како продуцент.

„Отсекогаш сонував да издадам албум. И што е подобро време да се направи тоа од Светското првенство за Божиќ? Ги зедовме најдобрите навивачки песни и додадовме празнична и класична музика“, рече Крауч.

Целата акција има и хуманитарен карактер бидејќи целата заработка од нејзината продажба е наменета за фондот Стоунвол, кој е формиран за борба против угнетувањето на ЛГБТК+ популацијата во Катар и во светот.

Се вчитува...