Италијанските репрезентативци еуфорично го прославуваа триумфот над Шпанија што им го донесе и билетот за големото финале за ЕВРО 2020.
„Аѕурите“ на овој меч не можеа да сметаат на помошта на Спинацола по тешката повреда што дефанзивецот ја заработи на четвртфиналето со Белгија, но денешната прослава на „Вембли“ не можеше да мине без специјална посвета за левиот бек.
Лоренцо Инсиње за време на славјето го облече дресот на Спинацола, посветувајќи му ја победата токму на овој фудбалер кого го очекува повеќемесечна пауза по тешката повреда на тетивата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА