На само 21 година почина поранешниот млад фудбалер на Арсенал, Били Вигар по тешката операција која му била направена на главата, откако претходно неколку дена бил во индуцирана кома со цел да му се намали отокот на мозокот по удар во бетонски столб за време на фудбалски натпревар.
Вигар ја заработил тешката повреда за време на натпревар за Чичестер Сити, во обид да стигне една топка која излегувала во аут, но откако направил лизгачки старт, со главата се забил во бетонски ѕид кој бил крај теренот.
Поради ужасниот инцидент, натпреварот бил прекинат и воопшто не се доиграл, а потоа Били не успеа да ја добие битката за својот живот.
„Сите во Арсенал сме скршени од шокантната вест која вели дека починал поранешниот член на академијата, Били Вигар. Сите наши мисли се со неговото семејство и најблиските во овој момент. Почивај во мир, Били“ – се вели во објавата од Арсенал.
Everyone at Arsenal is devastated by the shocking news that former academy graduate Billy Vigar has passed away.
All our thoughts are with his family and loved ones at this time.
Rest in peace, Billy ❤️
— Arsenal (@Arsenal) September 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

