Погледнете го трилерот во „26ти Април“ и како Деј донесе победа за Кожув во последните секунди (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Кожув и Работнички од седмото коло во плеј-аутот донесе суперинтересна средба во „26ти Април“ каде победникот беше одлучен во самата завршница.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од 45-33, но гостите се вратија веќе во третата четвртина која ја добија со 6-23, а трилерот продолжи до самиот крај. Балмазовиќ на три секунди пред крајот донесе предност од 70-72 за Работнички, но херојот на гевгеличани беше Декардо Деј кој погоди тројка со истекот на времето за големо славје.

Се вчитува...