Погледнете ја новата луксузна куќа на Новак Ѓоковиќ (фотогалерија)

Новак Ѓоковиќ неколку години живееше во Монако, но српскиот тенисер реши дека е дојдено време за промена, па си купи вила во Шпанија. Станува збор за локација во луксузната населба „Марбелја“, каде Ѓоковиќ мина неколку месеци за време на пандемијата од коронавирусот, и очигледно се „вљуби“ во ова место.

Тој веќе купил нова куќа, со површина од 1.000 метри квадратни, со базен, тениски терен, спа-центар и сала за кревање товар како дел од луксузните додатоци на новиот дом на Србинот.

Имотот се простира на 3.500 квадратми метри, градината е со директен поглед на морето, а во куќата има осум спални соби и исто толку тоалети.

Се вчитува...