Покетино ја состави трансфер-листата: Пет фудбалери се на излезна врата од ПСЖ

Маурисио Покетино вчера беше претставен како нов тренер на Пари Сен Жермен. Покетино веднаш ќе се фати за работа, а според француските медиуми пет фудбалери веќе се отпишани. На трансфер листата веднаш ќе бидат ставени, Жулијен Дрекслер, Леонардо Паредес, Идриза Геј, Т3о Керер и Андер Ерера. Покрај нив клубот би можел да го напушти и Анхел ди Марија на кого договорот му истекува летово.

Воедно, Аргентинецот уште на првиот тренинг влегол во конфликт со дел од фудбалерите, јасно ставајќи им до знаење дека очекува максимална дисциплина и посветеност во работата. Тухел во својата ера во ПСЖ имаше неколку конфликти со клучните играчи на „светците“, па интересно ќе биде да се види дали Покетино ќе изгради подобри односи со фудбалерите од својот претходник.

Како први аквизиции на Покетино во ПСЖ се споменуваат Кристијан Ериксен од Интер и Деле Али од Тотенхем, двајца фудбалери со кои соработуваше во лондонскиот тим и стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...