Покетино не може да го чека Реал, ќе потпише преддоговор со новиот клуб?

Маурицио Покетино скоро една година е на „пазарот“, а сагата наскоро може да заврши. Во игра беа Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Интер, но Аргентинецот на крајот би можел да заврши во Париз.

Како што пренесуваат француските медиуми, ПСЖ е блиску до раскинување на договорот со Тухел, особено доколку францускиот клуб не успее да се пласира во Топ 16 фазата од Лигата на Шампионите. И доколку тимот од Париз го совлада Башакшехир и се пласира во следната фаза од натпреварувањето, договорот на германскиот тренер со ПСЖ истекува на крајот на годината, а Французите веќе имаат идеја за нов тренер.

Во прв план е Маурицио Покетино, кој и како играч настапуваше за францускиот клуб и лесно би можел да се навикне на атмосферата во Париз. ПСЖ ги има и финансиските средства за да го примами Аргентинецот и да му овозможи спроведување на неговата визија за клубот. Во следниот период се очекува понуда за преддоговор со што 48-годишникот веќе на крајот на сезоната би можел да седне на клупата на ПСЖ.

Се вчитува...